еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

(Видео + Галерија) „New voices“, кампања на Манго за пролет/лето 2018

Новата кампања на Манго за пролет/лето 2019 спојува повеќе значајни лица од модната индустрија во проект на фотографот Аласдир Меклилан.

Користејќи слогани како „Да ја изградиме иднината заедно”, „Нашите соништа ќе ја инспирираат иднината” и „Веруваме во силата на заедницата”, кампањата го истакнува креативниот талент на протагонистите: Џоли Алиен и Саша Пивоварова освен модели се и уметници, Адвоа Абоа е и активистка, Луна е спортистка додека пак актерот Патрик Шварценегер е претприемач.

Оваа порака ќе продолжи да се пренесува и во текот на целата сезона преку разновидни активности и соработки кои ќе им дадат можност за истакнување и на останати талентирани лица во подем, а ќе бидат промовирани преку различните дигитални платформи на Манго со хаштаг #MangoNewVoices.

Електронските звуци и на њујоршкото дуо Chairlift со песната “I belong in your arms”, се музичка позадина на видеото на кампањата.

Колекцијата за пролет/лето 2019 си сплотува современите стилови и комплексните материјали. Оваа сезона понудата содржи дизајни во пастелни бои, како розова, небесно сина и боја на лимета.

Безвременски парчиња како класичните мантили се комбинираат со сосема нови дизајни како бермудите за возење велосипед во уникатна целина. Летните комбинации вклучиваат полу-проѕирни материјали кај блузите и фустаните и специфично боење кај макси блузите.

Модните додатоци се исто така во пастелни бои и необични материјали. Кај обувките особено интересни се сандалите со ремчиња, со детали од школка, како и високите патики кои наликуваат на кратки чизми.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Пендаровски и сопругата присуствуваа на погребот на кралицата Елизабета Втора

Редакција

Што ќе бараат работниците на денешниот марш за работнички права

Редакција

Општина Штип ќе ја издаде првата општинска обврзница на домашниот пазар на капитал

Редакција