Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го извадија „Копито“. Сите се прашуваа каков ќе биде спотот и сега го имаат одговорот. Стил кој соодветствува на проектот на Принц „Femme Fatale“.
Спотот на „Копито“ беше снимен во Аква парк „Борис Трајковски“ во Скопје, а за неговите потреби се појавуваат околу 20 статисти.
Интерпретацијата на видеото и песната е на самиот гледач и слушач. Има многу простор за коментари, но таа е и поентата на самото издание на Сара и Принц.
Песната „Копито“ е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс. Александар Ристовски – Принц е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Аудио и видео продукција на AleXanDeR.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.