еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Видео) Граѓани ја блокираа Дрисла: Следуваат тужби и блокада на Град Скопје

Во организација на „Движењето за чист воздух“ денеска напладне граѓани го блокираа влезот на депонијата „Дрисла“.

Според нив, „Дрисла“ е потенцијално најголемиот емитер на диоксид и на фурани. Бараат да се промени Правилникот за извршување инспекциски надзор, усогласувајќи го со ЕУ нормативи (диоксини, формалдехиди, фурани).

Тие бараат во најбрз можен рок да се донесат правилници за индустриски емисии и воведување најдобри производствени пракси за тој сектор и раскинување на договорот со италијанската фирма-концесионер, поради неисполнување ништо од договореното.

„Движењето за чист воздух“ информира дека даваат рок од 15 дена за исполнување на нивните барања. Во случај на неисполнување на барањата, најавуваат блокирање на Град Скопје и поднесување тужба.

Видео од денешната блокада на Дрисла.

Posted by Чист Воздух во Скопје on Петок, 01 февруари 2019

Видео: Фејсбук/Скопје бара чист воздух/фото: Дрисла

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР врши претрес во Академијата за судии и јавни обвинители

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Сарај за набавка на горива вреден 51.000 евра

Редакција

Маж пронајден починат во напуштена куќа во скопски Аеродром

Редакција