еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Грчката полиција застрела во глава 16-годишно момче оти не платило сметка од 20 евра за бензин

Грчката полиција во Солун застрела во глава 16-годишно момче од ромска националност, кое на бензиска пумпа не платило сметка за бензин од 20 евра и побегнало, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Момчето е во критична состојба во болница во Солун, а инцидентот предизвика насилни протести во Солун и Атина.

Полицаецот кој пукал во момчето е уапсен и суспендиран.

Припадниците на ромската заедница во Грција и активистите за човекови права континуирано ги обвинуваат грчките власти за дискриминација на Ромите.

Неколку Роми настрадаа или се повредени во последните години при судири со полицијата, додека наводно се обидувале да избегнат апсење.

Инцидентот се случи вчера, еден ден пред 6.декември, ден на кој во Грција масовно се протестира против убиство на 15-годишно момче во 2008 година од страна на полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Локални избори: Денеска гласат болните, немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците…

Редакција

Единствен производ на пазарот: Битолско природно пиво „Бак“ произведено од браќата Бакревски ги освои битолчани

Редакција

Убава вест: Оздравени 16 болни од Ковид-19

Редакција