еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Грчкиот и македонскиот воен оркестар ја свиреа македонската химна

Во чест на 70-годишнината на НАТО, синоќа во Националната филхармонија во Скопје, воените оркестри на вооружените сили на Македонија, САД, Обединетото Кралство, Грција и Словенија одржаа заеднички концерт.

Меѓудругото тие ја отсвирија и македонската и химната на НАТО, а видео од настанот на својот Фејсбук профил објави министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска.

„Воените оркестри на Армиите на Северна Македонија, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ги интонираа заедно химните на Северна Македонија и на НАТО. Заедно сме посилни!“, напиша Шекеринска.

Заеднички концерт на 5 воени оркестри – 70 години НАТО

Воените оркестри на Армиите на Северна Македонија, Грција, САД, Велика Британија и Словенија ги интонираа заедно химните на Северна Македонија и на НАТО.Заедно сме посилни!#WeAreNATO

Posted by Radmila Sekerinska on Петок, 05 април 2019

Видео/фото: Фејсбук/Шекеринска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија: Напредок кон ЕУ и пристап до фондовите, само доколку воведе санкции против Русија

Редакција

(Видео+фото) Бугари во Скопје на панихида на Мара Бунева, Џамбаски порача дека Македонија била бугарска

Редакција

Мухамед Зеќири пристигна во Кривичниот суд

Редакција