Грчката влада доцна синоќа донесе одлука да им дозволи преминување на границата и на српските државјани на границата меѓу Бугарија и Грција.
Српските дипломати успеале да ги убедат Грците да го отворат граничниот премин Промаонас, поточно Кулата, за нивните туристи, кои вчера во километарски колони чекаа цел ден.
Српската влада во текот на денешниот ден треба да ја добие одлуката со која на српските туристи им се гарантира дека слободно можат да ја минат границата меѓу Бугарија и Грција.
– По целодневните разговори со грчките власти, тие вечерва ме известија дека ќе почнат да ги пропуштаат нашите граѓани на бугарско-грчката граница, изјави доцна синоќа шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ за весникот „Блиц“.
„Грчката влада утре и официјално ќе ја донесе одлуката да ја вклучи Србија кон земјите од ЕУ и Шенген-зоната, за граѓаните на Србија да можат да влезат во Грција“, изјави синоќа министерот Расим Љајиќ за порталот Нова.
Според него, за грчките власти не е битно каде влегуваат патниците – дали преку Македонија или преку Бугарија.
Тој забележува дека Грција ќе го задржи правото на случајно тестирање и земање примероци.
МИА/Фото/видео: Svet na dlanu
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските туристи не можат да влезат во Грција, се враќаат дома
Грција денеска ги отвори границите за Србија и Бугарија, не и за Македонија