еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Хаос во скопското кафуле „Мош“: Гости бегале од полициска рација

Гости во скопското кафуле „Мош“ бегале од полицијата која упаднала откако било констатирано дека објектот работи по дозволеното време.

На социјалните мрежи се појави и видео на кое може да се види група луѓе пред овој угостителски објект во вечерните часови.

За настанот се огласи и МВР во полицискиот билтен.

„На 17.12.2020 во 22.30 часот, во координација со Државниот пазарен инспекторат, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на ул. „Дебарца“ во Скопје.

При контролата, во објектот биле затекнати 20 до 30 гости и било констатирано дека објектот не ја почитува одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 21.00 часот. Објектот бил запечатен, односно му била изречена мерка забрана за вршење дејност.

„По целосно расчистување и документирање на случајот, во кооординација со Јавен обвинител, против одговорното лице ќе биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија““, соопшти МВР.

Ова е втор пат во „Мош“ да не се почитуваат мерките против Ковид-19. Претходно ова место стана „хит“ откако таму концерт одржа пејачот Владо Георгиев среде пандемија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за скопски угостител кој работел по дозволеното време

(ВИДЕО) Настап на Владо Георгиев во Скопје без маски и дистанциа ги „запали“ социјалните мрежи, обејктот затворен

(ВИДЕО) Во „затворениот“ Мош нов настап на Георгиев, ниту присуството на полицијата не ја прекина забавата

Видео: Твитер/Апсаана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 18,8 милиони евра

Редакција

„Порше лизинг“ го доби тендерот на Здравствен дом-Скопје за набавка на 13 возила вреден 224.000 евра

Редакција

Јули натпросечно топол, највисоката максимална температура 42,1 степени

Редакција