еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ВИДЕО) И пејачката Нина Јанева ја згреши македонската химна, ја заборави строфата со Гоце Делчев

Пејачката Нина Јанева на протестот „Правда за уставобранителите“ за ослободување на осудените за упадот во македонското Собрание на 27 април 2017 година, погрешно ја изведе македонската химна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Протест пред Владата и Собранието за ослободување на осудените за „27 април“

И таа како Тамара Тодевска, заборави да ја испее втората строфа: „Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“.

Тоа предизвика реакции на социјалните мрежи, а Јанева се извини за пропустот и на Фејсбук меѓудруго напиша:

„…Прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од сѐ. Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани.

Темата е многу чувствителна и оправдување нема! Човек од месо и крв…“.

Фото: Фејсбук/Јанева/видео: Твитер/сеир МК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеничката Моника Зајкова позитивна на Kовид-19: Чувствувам малаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност

Редакција

Министерот Таравари доживеал ненадеен колапс и бил итно пренесен во болница

Редакција

Времето денеска сончево и многу топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи

Редакција