еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето денеска сончево и многу топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од јужен, а попладне во горниот дел на Повардарието од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

И во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност, а  во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Утре ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер, што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривични за двајца албански државјани за предизвикување пожар во дебарско

Редакција

(Видео) Ќе победиме и ќе го вратиме мирот во Украина: Зеленски со оптимистичко обраќање до нацијата на 50-ти ден од инвазијата

Редакција

Нов раст: 588 нови случаи на Ковид-19 од 5.780 тестирања

Редакција