еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Како изгледаше воената вежба „Одлучен удар“ на Криволак

Офанзивни операции на пешадиската баталјонска група на Армијата, заедно со припадниците на Националната гарда на Пенсилванија од САД, воздухоплови на Армијата, како и воздухопловот Б-52 на вооружените сили на САД, можеа да се видат на денешниот Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар“ која вклучува над 2.700 припадници на армиите на Република Северна Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија, а се реализира до 9 јули на полигонот „Криволак“.

На Денот за високи гости на полигонот „Криволак“ присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска, претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот Бујар Османи, министрите Оливер Спасовски, Драган Тевдовски и Љупчо Николовски, заменикот министер Андреј Жерновски, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на Северна Македонија, САД, Бугарија, Албанија, Грција и НАТО, како и амбасадори и одбранбени аташеи акредитирани во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мислам дека на Оливер најдобро му стои“: Твитерџиите за присуството на државната делегација на вежбата „Одлучен удар“

(Фото) Заев, Пендаровски, Шекеринска, Османи, Спасовски, Николовски… со шлемови на „бојно поле“ во Криволак

(ВИДЕО) На Криволак започна најголемата воена вежба во историјата на Македонија, „Одлучен удар“

Фото/видео: Министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Села се сретна со Ковачевски и даде подршка за „францускиот предлог“

Редакција

Од Антикорупциска му вратија на Груби дека врши притисок врз нивната работа

Редакција

МНР објави оглас за вработување на 26 службеници

Редакција