Малиот Димитар во Клиниката „Жан Митрев“ бил примен на 07.04.2020 со дијагноза на тешка вродена срцева маана (Тетралогија на Фало).
На прием детето имало ниска кислородна сатурација и знаци за срцево оптеретување и слабост.
На 08.04.2020 е направена тотална корекција со затварање на вентрикуларниот септален дефект и проширување на десната предкомора и пулмоналната валвула.Оперативниот тек поминал во најдобар ред. Заради специфичноста на заболувањето и тежината на општата состојба детето било на пролонгирана механичка вентилација и со високи дози на инотропна подршка.
Опасноста од десно срцева слабост постепено е надмината со внимателно следење на виталните параметри и соодветна терапија за поддршка на срцевата работа. Малиот борец е успешно симнат од машината за дишење четвртиот постоперативен ден.
Во следните денови постепено е воспоставена исхраната на уста со млечна формула и продолжено е со респираторна и физикална терапија.
„Седмиот постоперативен ден мајката повторно го зема во својата прегратка. Првото спојување после операција секогаш е најемотивниот и воедно најубавиот момент. Чувство кое со зборови не се опишува.
Целиот труд што сме го вложиле се гледа во тие моменти на среќа и радост. Со Димитар и неговото семејство ќе се гледаме на редовните контроли. Ќе се гушкаме и радуваме на секое негово напредување и растење“, изјави доктор Дијана Попевски, анестезиолог во нашата клиника.
По успешната операција малиот Димитар замина дома
Малиот Димитар во нашата клиника беше примен на 07.04.2020 со дијагноза на тешка вродена срцева маана (Тетралогија на Фало). На прием детето беше со ниска кислородна сатурација и знаци за срцево оптеретување и слабост. На 08.04.2020 се направи тотална корекција со затварање на вентрикуларниот септален дефект и проширување на десната предкомора и пулмоналната валвула. Оперативниот тек помина во најдобар ред. Заради специфичноста на заболувањето и тежината на општата состојба детето беше на пролонгирана механичка вентилација и со високи дози на инотропна подршка. Опасноста од десно срцева слабост постепено ја надминавме со внимателно следење на виталните параметри и соодветна терапија за подршка на срцевата работа. Малиот борец беше успешно симнат од машината за дишење четвртиот постоперативен ден. Во следните денови постепено ја воспоставивме исхраната на уста со млечна формула и продолживме со респираторна и физикална терапија. – Седмиот постоперативен ден мајката повторно го зема во својата прегратка. Првото спојување после операција секогаш е најемотивниот и воедно најубавиот момент. Чувство кое со зборови не се опишува. Целиот труд што смего вложиле се гледа во тие моменти на среќа и радост. Со Димитар и неговото семејство ќе се гледаме на редовните контроли. Ќе се гушкаме и радуваме на секое негово напредување и растење – изјави доктор Дијана Попевски, анестезиолог во нашата клиника. Од името на целиот персонал од Zan Mitrev Clinic му ја посакуваме целата среќа и радост. Да останат така храбри и позитивни засекогаш, тука сме секогаш како поткрепа во било која ситуација.
Posted by ZAN MITREV on Понеделник, 04 мај 2020
Целиот персонал од Zan Mitrev Clinic на Димитар му ја посакува многу среќа и радост.
„Да останат така храбри и позитивни засекогаш, тука сме секогаш како поткрепа во која било ситуација“, велат од Клиниката.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА