еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Нема никаков политички интерес во намалувањето на тестирањата за Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче во врска со тестовите за Ковид-19 денеска категорично ги отфрли шпекулациите дека постои некаков политички интерес и заради тоа се намалува бројот на тестирања.

Центарот за јавно здравје во Скопје, заедно со Институтот за јаво здравје, а тоа го дискутиравме на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести, посочи министерот, пристапува кон правење план за скрининг на лица кои се смета дека се во некои критични категории, со оглед на слободниот капацитет, кој сега го имаме во лабораториите.

– Како одминува оваа фаза од епидемијата се постави очекувано потреба да се надгради стратегијата, заради тоа што таа даде исклучително добри резултати и тоа што сега имаме намален број тестирања е тоа што ние всушност сакавме да го постигнеме, заради тоа што тестиравме пациенти кои имаа симптоми, што значи дека е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува, значи една успешна стратегија.

Градиме план истата да се надгради за да влеземе во новата фаза на епидемијата, додаде Филипче.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Над 50 од 70 заразени здравствени работници во болницата во Куманово се вратија на работа

Убава вест: 184 излекувани здравствени работници од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи во Собрание да ги презентира одговорите кои Македонија и ги дала на Бугарија за „план 5+1“, побара опозицијата

Редакција

Вкупно 1.397: Починаа уште 21 лице од Ковид-19

Редакција

Од Државното правобранителство велат дека Стафа поднел оставка од лични причини

Редакција