еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Масовни протести во Атина, Солун и низ цела Грција за железничката несреќа

Наместо за 8. Март и правата на жените, денеска во Грција масовно се протестираше за железничката несреќа, во која животот го загубија најмалку 57 лица, претежно млади.

Вакви масовни протести во Грција не се случиле од поодамна, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Се протестираше во околу 70 градови, меѓу кои и Атина и Солун.

Зад протестите застанаа Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ), синдикатите на вработените во државните болници и во училиштата, студентски здруженија…, не функционираше бродскиот и железнички сообраќај, а во прекин беше и јавниот превоз во Атина, со исклучок на метрото и трамвајот кои работеа неколку часа за да можат граѓаните да учествуваат на протестот.

Фото/видео: thestival.gr/Скај ТВ/Open TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чешка бара помош од ЕУ да ги смести бегалците од Украина

Редакција

Каракачанов: Не водиме инает, не можеме да правиме компромис за бугарската историја

Редакција

(Фото) Палчо во наводно писмо тврди дека тој барал брза екстрадиција: „Министерот Лога лаже“

Редакција