Засега неидентификуван маж во Белгија вчера се разнесе со експлозив на фудбалски терен. Според првите информации, човекот носел експлозивен појас на него.
Непознатиот човек се разнел на фудбалски терен во Вервје, град во источниот дел на Белгија.
Во инцидентот нема други повредени.
Градоначалникот на Вервје изјави дека во моментов нема основано сомневање за тероризам и дека се претпоставува дека е поранешен припадник на армијата.
Полицијата започна истрага.
МИА/Фото: AFP/John Thys/видео: Ruptly
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.