еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Мицкоски по средбата со Ковачевски: Понудивме план за излез од енергетската криза, очекуваме Владата да го прифати

Во периодот што следува е потребно силно да работиме, да ги надминеме сите проблеми кои очигледно ќе ни се случуваат, бидејќи она првично сценарио кое како претпоставка сите ние го имаме, а тоа е да ни бидат функционални трите блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј, двете турбини во Неготино, вклучително и добрата кондиција на хидропотенцијалот, зајакнати со ТЕ-ТО Скопје, во суштина е тешко да се реализира, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски по средбата во Владата со премиерот Димитар Ковачевски.

– Ние сме подготвени да ги ставиме на располагање сите позиции со кои што располагаме, од страна на Димитар Ковачевски лице за контакт беше одреден министерот за економија, Крешник Бектеши.

Веднаш после оваа средба ќе ги контактираме нашите позиции, ќе ги пренесеме контактите до министерот Крешник Бектеши и од тој момент понатаму очекуваме оваа неизвесност во која што во моментов се наоѓа Македонија, граѓаните и стопанството да се ублажи. Односно да обезбедиме евтин ресурс со кој што ќе можеме да обезбедиме евтина струја односно поевтина од таа што е на берзите, а со што ќе им помогнеме на граѓаните, на стопанството и на државата, рече Мицкоски.

Посочи дека дале предлог за обезбедување значително поевтин ресурс за ТЕЦ Неготино, што ќе овозможи цена на електрична енергија која ќе биде најмалку два пати помала од таа која што во овој момент е на берзите. Таа количина на електричната енергија би требало да биде отстапена на стопанството, за, како што наведе, да се спасат илјадници работни места и затоа што компаниите не можат да плаќаат цена на електричната енергија која што е на берзите.

Предлагаат и ресурс за производство на електрична енергија и топлина од ТЕ-ТО Скопје, електрична енергија која ќе ја користат граѓаните и индустријата на регулираниот пазар, а топлината која ќе ја користат сите оние корисници на топлина кои ги плаќаат своите сметки во БЕГ.

На средбата го образложиле концептот за мигрирање на сите јавни претпријатија кои што се занимаваат со комунална и водостопанска дејност, од слободниот на регулираниот пазар според тарифата што ја плаќаат компаниите кои што се на регулиран пазар.

– Ако се обезбедат овие ресурси, тогаш најодговорно тврдам дека Македонија нема да има потреба од увоз на електрична енергија, но под претпоставка првичното сценарио Владата да успее да го задржи оперативно.

Кога зборувам оперативно, зборувам да работат трите блока во Битола, да работи Осломеј, да работат двете турбини во Неготино, да работи хидропотенцијалот и да работи ТЕ-ТО Скопје.

Ако тоа не се случи, тогаш ценам дека несериозен е пристапот на Владата, несериозен е пристапот на ресорните и надлежните луѓе и дека во тој момент ВМРО-ДПМНЕ како одговорна државна партија која што има државнички карактер и покрај помошта што ја нуди и покрај сите овие концепти кои што морам да бидам искрен до крај, делуваа прифатливо за луѓето со кој што денес бевме на иста маса, ќе го осуди тој чекор и ќе стори се што е во нејзина моќ да им помогне на граѓаните и стопанството, да ја поминат оваа есен и оваа зима кои што се прилично тешки и прилично захтевни, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ковачевски по средбата со Мицкоски: Ќе се разгледаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ

МИА/Фото: Влада/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Бирото за регионален развој за набавка на џип

Редакција

На Плаошник најгласно одекнува вистината за потеклото на нашиот македонски јазик, писменост и идентитет, рече Ковачевски

Редакција

(Аудио) Нови „бомби“: Мицкоски разговара со исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО

Редакција