еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Морничави сцени од грчкиот остров Евија, жителите се „преселија“ на плажа и на ферибот

Подобрена е ситуацијата со пожарот во северниот дел на грчкиот остров Евија, меѓутоа огнената стихија сè уште не е ставена под контрола, а дел од жителите ноќта ја поминаа во ферибот, јави дописничката на МИА од Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Шокантни снимки од пожарите во Грција

Во текот на ноќта пожарникарите и локалното население во повеќе села на островот водеа битка за да се спасат домовите и да се спречи дополнително ширење на пожарот и да се ограничат жариштата што се на повеќе различни локации.

Жителите на селото Пефки, но и на околните села, ноќта ја поминаа на плажата и во фериботот во кој беа пренесени евакуираните, меѓу кои и стари лица и лица со здравствени проблеми.

Северниот дел на Евија гори веќе седми ден, а според противпожарната служба на Грција, интервенираат 620 пожарникари со 35 пешадиски тима и 131 возило, меѓу кои и противпожарните сили од Украина, Романија и Србија.

Од воздух, подготвени за интервенција се пет хеликоптери и пет авиони меѓу кои и авионот Бериев-200 .

Освен на Евија, во Грција активни се пожарите и во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и во областите Илија, Месинија и Лаконија на Пелопонез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Горат предградија на Атина: Илјадници жители ги напуштија домовите

За справување со пожарите во Грција помош испратија над 20 земји: Кипар, Франција, Хрватска, Шведска, Романија, Шпанија, Чешка, Германија, Полска, Словачка, Австрија, Украина, Израел, Швајцарија, Египет, Велика Британија, Кувајт, Катар, Молдавија, Обединетите Арапски Емирати, Србија.

МИА/Фото/видео: OPEN/newsittv

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со „Дигер“ вреден 1,4 милион евра

Редакција

„Сектрон“ го доби тендерот на Владата за набавка на опрема за видео надзор

Редакција

Од Ковид-19 во тетовската болница починаа 6 лица, најмладиот 53-годишна возраст

Редакција