еМагазин
Image default
Забава

(ВИДЕО) Морничаво: Германско-данска серија ја предвиде пандемијата со Ковид-19 пред една година

Телевизиската серија во германско-данска продукција „Бавно горење“ (Sløborn) снимена минатата година додека Европа и остатокот од светот сè уште не беа погодени од коронавирусот, наликува на теорија на заговор инспирирана од пандемијата на Ковид-19, пишува „Гардијан“.

Во серијата, која започна со емитување, се зборува за тоа како животот на измислен остров запаѓа во хаос и уништување кога ќе завладее вирусот.

Кога на северот на Кина ќе се открие болест од типот на птичји грип, која потекнува од гулаби, луѓето што живеат на идиличен остров во Северното Море воопшто не обрнуваат внимание. Морето на островот исфрла едрилица на која се наоѓале мумифицираните тела на британски пар. Подоцна се утврдува дека тие го донеле вирусот.

На жителите им се препорачува да носат маски за лице, да практикуваат социјално дистанцирање и се воведуваат правила за карантин.

Творците на серијата ја опишуваат како „пост-апокалиптичен катастрофален трилер преточен во модерен еп“.

Емитувањето на серијата беше скоро откажано откако газдите на ТВ компанијата Зер-ди-еф (ЗДФ) изразија загриженост дека за гледачите можеби ќе биде премногу реална, пишува Гардијан.

– Прашањето беше дали можеме да бараме од нашата публика да ја гледа серијата токму сега, изјавил писателот и режисер Кристијан Алварт пред емитувањето.

Кога Германија заврши во карантин, серијата беше во постпродукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мадона своја и на 60 години: Како изгледа нејзиното најново видео со колумбискиот пејач Малума

Редакција

Јануарска магија за најмладите во Кинотека на Македонија

Редакција

(Галерија) „Гласна куќа“ – нова македонска тинејџерска серија „се крчка“ по пауза од 30 години

Редакција