еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) МВР откри банда за криумчарење мигранти: Со качаци од Грција преку Липково до ЕУ

Повеќе оддели на МВР денеска спроведоа координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница, остваруваат нелегален влез на територија низ Република Северна Македонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до Кумановско-Липковскиот регион.

„Криминалистичката истрага над организираната шестчлена криминална група, која делуваше на тeриторија на Република Северна Македонија, се спроведуваше во изминатите 10 месеци, односно од декември 2019 година до сега.

Организаторите на криминалната група се Р.В. и неговиот брат Д. В. од Богданци, кои со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, заедно со други лица од Грција  ја организирале криминалната група во Република Северна Македонија.

Врз основа на претходно договорен начин на комуникација и во договор со лица организатори од Р.Грција, мигрантите биле пренесувани преку јужната граница, преку илегални премини во околината на Гевгелија, Струмица и Дојран, од каде потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, се доведувале на претходно утврдени и договорени локации“, соопшти МВР.

Од овие локации, илегалните мигранти биле превземани од страна на членовите на групата В. Д., А.А. и И.М., кои ги прифаќале и со моторни возила ги превезувале до договорените локации во Кумановско-Липковскиот регион.

Оттаму мигрантите во организација на лице кое нелегално престојува во Кумановско-Липковскиот регион биле времено сместувани и засолнувани во објекти на членови, соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ.

Најголемиот број од мигрантите кои биле криумчарени од страна на оваа криминална група биле по потекло од Авганистан, Пакистан, Ирак и други земји од Блискиот Исток, кои претходно веќе пристигнале и престојувале на територијата на Р.Грција, за паричен надомест од 500 до 700 евра по лице.

При реализацијата на оваа криминалистичка истрага биле извршени претреси кај пет лица, во вкупно шест објекти лоцирани на подрачје на Гевгелија, Струмица и Неготино, а лишени од слобода се четири лица, а еден е на издржување на мерка притвор.

„Од засега извршените претреси пронајдени и привремено одземени се патничко возило, мобилни телефони, СИМ картички, пиштол, малокалибарска муниција и други предмети“, соопшти МВР.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО поднесе кривична пријава против Р.В. (27), В.Д. (22), А. А. (28), И.М. (27) и Д. К. (21) за повеќе кривични дела поврзани со овој случај.

Фото/Видео:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекарска комора: Постојат институции кои за докторката ќе се погрижат според Кривичен закон, ние даваме опомени

Редакција

Убава вест: Оздравени 309 заболени од Ковид-19, во Скопје 114

Редакција

Српска “Политика“: Красимир Каракачанов „живее во концептот од 19 век“

Редакција