еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Најмалку 21 загинат во автобуска несреќа во близина на Венеција, меѓу жртвите има Украинци, Германци и Французи

Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти.

Најмалку 21 лице загина во трагедијата на автобусот, кој од висина од десет метри падна врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во близина на Венеција.

Според локалните медиуми, автобусот ги носел туристите на кампување во квартот Местре – Маргера. Меѓу повредените, покрај тројца Украинци, Германец и Французин, има и еден Хрват.

Идентификацијата на загинатите се уште е во тек.

„Ние сме во контакт со италијанските власти за да ги идентификуваме можните француски државјани меѓу жртвите“, рече француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона.

МИА/Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прво Зоки-Кичеец, па Катица Јанева: Коинциденција или смислен потег?

Редакција

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Редакција

Убава вест: Оздравени 881 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција