еМагазин
Image default
Забава

(ВИДЕО) На настап на Горан Бреговиќ во Корча фрлен солзавец

На синоќешниот настап на Горан Бреговиќ во Корча, Албанија во рамки на Фестивалот на пивото, беше фрлен солзавец, по што концертот беше извесно време прекинат, пренесуваат албанските медиуми.

Според албанските медиуми на едно лице му била укажана лекарска помош и завршило во болница, а инцидентот предизвикал паника помеѓу присутните.

Полицијата привела осум лица.

Најавата дека Бреговиќ ќе настапи на фестивалот предизвика лавина од негативни коментари и обвинувања во медиумите на албански јазик во регионов.

Фото: Бреговиќ/Фејсбук/Видео: Твитер/Tirana Blog

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Калиопи и Каролина Гочева злоупотребени во реклами

Редакција

(Фото) Заврши „Skopje Wine Expo”- досега најголема посетеност на винскиот фестивал

Редакција

(Фото) Џибони фантастичен во Скопје – концерт кој долго ќе се памети

Редакција