еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Долговите за вода на „Водовод и канализација“ – Скопје може да ги платите без камата до 1 октомври

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата.

„Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 23 август заклучно до 1 октомври.

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката преставува да важи,“ се велли во соопштението.

Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, од таму ги повикуваат граѓаните на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Проверете на колку рати ќе може да ги исплаќате застарениот долг и трошоците

Редакција

Бектеши: Нема место за паника кај граѓаните, не се очекуваат ценовни шокови-трговците да ја почитуваат одлуката за замрзнување на маржите

Редакција

До крајот на годината над 90% од потрошувачите ќе имаат евтина тарифа

Редакција