еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

(Фото) Проверете на колку рати ќе може да ги исплаќате застарениот долг и трошоците

Собранието го изгласа Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и на тој начин преку 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани.

Каматите на сите предмети кои се дадени за извршување заклучно со 31.12.2017 година, од страна на јавни и државни претпријатија, или државни органи, установи – се бришат.

Со законот се предвидува и репрограмирање на долгот, односно плаќањето на главниот долг да биде на рати. Колку е поголем долгот – толку ќе се зголемува рокот на отплата, односно ќе се исплаќа на повеќе рати.

Во однос на репрограмирањето со новото законско решение се предлага плаќањето на главниот долг и трошоците во постапките пред судот, нотарот и извршителот, да се врши во месечни рати, во зависност од висината на долгот и трошоците.

Важно е да се напомене дека доверителите кои се во државна или јавна сопственост, по сила на овој закон, се должни да направат целосeн отпис на каматите и репрограмирање на главниот долг и трошоците во рок од три месеци од денот на стапување во сила на овој закон.

Доверителите кои се во приватна сопственост, отписот на каматите, како и  репрограмирањето на главниот долг и трошоците го вршат на доброволна основа.

Овој закон ќе влезе во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгласани законите: Граѓаните „куртулија“ од извршителите, студентите ќе добиваат субвенциониран оброк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Александар Николоски, кандидат за министер за транспорт и вицепремиер

Редакција

ЦГК: Тендерот за гласањето на дијаспората е поголем од печатењето на ливчињата за сите гласачи

Редакција

(Галерија) Ја знаете ли легендата за Камени кукли во Кратово

Редакција