еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) „Не добивме доволно оружје за да го победиме непријателот, се губи време и се губат животите на Украинците“, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ново видео-обраќање се осврна на 47. ден од руско-украинската војна.

Тој истакна дека „срамната инвазија„ која постепено ја брише Русија од меѓународните односи, доаѓа до крај.

„Сега е само прашање на време, поради руската армија со свои дејствија и воени злосторства сите во светот да се откажат од сите врски со Руската Федерација,“ вели Зеленски.

Тој додаде дека Украина се уште зависи од партнерите и смета дека земјата не добила доволно оружје за побрзо да се заврши војната и целосно да се уништи непријателот на украинска територија.

Зеленски изрази уверување дека ќе добијат се што им треба од оружје, но се губи време, а со тоа и животите на Украинците.

Фото/видео: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Полициско насилство и обид за упад во градското Собрание на протестот на опозицијата во Белград

Редакција

Фон дер Лајен сигурна дека ќе има мнозинство за уставните измени

Редакција

„Пелистер“ го доби тендерот на ЕСМ за ископ во РЕК Битола „тежок“ 12,6 милиони евра

Редакција