еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Нов напад на Москва со дронови, нарушен и сообраќајот на аеродромот Внуково

Утринава повторно имаше напад со дронови на Москва.

Соборени се пет дронови во пошироката област на Москва, соопштија руските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Москва нападната со дронови, неколку згради минимално се оштетени

Нарушена е работата и на меѓународниот аеродром Внуково, во близина на главниот град на Русија.

Русија за овој „терористичкиот чин“ ја обвинија Украина.

Четири беспилотни летала се уништени од противвоздушната одбрана во близина на Москва, а петтото е неутрализирано со „систем за електронско војување“, по што се урна во Подмосковље, информираа од руското Министерство за одбрана.

Во нападот нема жртви или материјална штета.

На аеродромот Внуково, каде рано утринава неколку летови беа пренасочени кон други аеродроми, околу 5 часот ја „обнови  работата“, соопшти руската Агенција за воздушен сообраќај.

-Обидот на режимот во Киев да ја нападне областа каде што се наоѓа цивилната инфраструктура, вклучително и аеродромот што прима меѓународни летови, е нов чин на тероризам, изјави портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова.

Таа додаде дека тоа е „меѓународен тероризам, бидејќи украинскиот претседател Володимир Зеленски ги извршува овие терористички дејствија користејќи оружје обезбедено од Запад или купено со западни средства“.

МИА/еМагазин/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момчето кое усмрти пешак во Скопје немало возачка, го возел автомобилот на татко му

Редакција

Боки 13: Преку „Рекет“ се водат политички борби кои паѓаат на мои плеќи, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи

Редакција

Досега не се пронајдени податоци за штетни состојки во вакцините против Ковид-19, кои би можеле да и наштетат на трудница и на нејзиниот плод, велат од ИЈЗ

Редакција