еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Нова песна и спот на Brass Brothers – „Take my Hand”

Македонскиот Drum and Bass бенд, Brass Brothers деновиве ја објави својата нова песна и видеозаписот за истата, „Take my Hand”.

Песната ја следи динамичната енергија по која бендот е веќе препознатлив и на светската сцена.

„Take my Hand” е уште еден одличен спој на дувачки инструменти и моќни вокали, збогатен со иновативни примеси нa Drum and Bass Liquid Funk. Со позитивната енергија, карактеристична за бендот, песната ни ја пренесува најмоќната порака, дека љубовта е таа што ќе не одржи во овие предизвикувачки времиња.

Текстот и музиката ги потпишува Горан Мицевски Кус, додека аранжманот на песната е заедничко дело на Ненад Тодоровски – Todd Haze, Ристе Шандаров и Горан Мицевски Кус.

Видео записот за „Take my Hand” е изработен со финансиска поддршка од Република Клуб Ресторан од Кичево, на кој Brass Brothers им изразуваат посебна благодарност.

„Take my Hand” е третиот сингл од нивниот авторски албум „Balkan Mayhem” и e достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и дигитални музички продавници.

Brass Brothers оваа година издадоа две авторски песни „Inseparable” и „Winner”, кои се најдоа на повеќе странски музички листи.

Brass Brothers е формиран пред 8 години и во него членуваат Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Николче Михајловски (Dj) и Ник де Карло (труба).

Brass Brothers функционираат како кавер бенд препознатлив по динамичните живи настапи и зад себе ги имаат авторските нумери “Време Невреме“ на македонски јазик и “Inseparable“ и “Winner“ на англиски јазик.

Во изминативе години Brass Brothers имаат настапено на сите поголеми фестивали и во сите поголеми локали низ државата и пошироко. Деновиве се повторно активни со нивните живи настапи по подолгата пауза поради состојбата со корона падемијата.

Фото/видео: Промо/Фејсбук/Brass Brothers

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново потресно сведоштво на девојка за злоставувањата од Алексиќ: „Повраќав после секое силување, траеше седум месеци“

Редакција

(Видео) Влатко Ѓорчев -„Тоти“ со спомен кон Борис Трајковски ја почна кампањата за претседател

Редакција

(Видео) Шлаканицата од Вил Смит за Крис Рок, го засени успехот на „КОДА“ на годинешниве Оскари

Редакција