еМагазин
Image default
Забава

(Видео) Новиот албум на Викторија Лоба „Нов свет“, може да се слушне на музичко „анплагд“ матине на „Јутјуб“

Пејачката Викторија Лоба & Friends продуцираа „анплагд“ музичко матине за нејзиниот албум „Нов Свет”. Официјално може да се слушнат шест песни на „Јутјуб“ каналот на Лоба, буквално песни за сечиј вкус.

„После долг период на музички молк во однос на концерти во живо, музиката во нас мораше да го најде својот пат и да се искаже. Така се роди ова „анплагд“ музичко матине, без размислување јас и сите од бендот рековме – го правиме.

Ве поканувам на мојот Јутјуб канал за да уживате во секоја песна. Лично мене ми е посебно драга новата верзија на „Само мој” неочекуван нов аранжман кој со себе повлече и нов стил на изведба на самата песна,“ вели Лоба.

„Анплагдот“ го изработија Дина Јашари, придружен вокал, Кристијан Кожумановски, бас гитара, Теодор Теодосиевски, тапани, Стефан Алексовски, клавијатури, Филип Попов, гитара, а продукцијата на видеото е на Дарко Митев и Стефан Николовски и аудио снимање, микс, мастеринг Нино.

Песните „Нов свет“, „Една единствена“, „Само мој“, „Дојди“, „Опиум“ и „Воздишка“ се пееле едно неделно попладне во Каре Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Горан Пандев е Маж на годината за 2020 година: Избрани најуспешните мажи кај нас

Редакција

Заедно да гледаме и да навиваме за „Медена земја“: Во МКЦ музичко изненадување од дел од авторската екипа на филмот

Редакција

(ВИДЕО) Ја загуби битката со ракот: Почина пејачката на Роксет

Редакција