еМагазин
Image default
Балкан

Видео од хеликоптер од населбите зафатени со пожарите во Грција

Бројката на потврдени жртви од пожарите во Грција е 49 лица, според портпаролката на грчката противпожарна служба, додека пак 156 лица се повредени, од кои 11 се во критичка состојба.

Меѓу повредените има 16 деца, но се вон животна опасност.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, портпаролката на противпожарна служба, Ставрула Малири упати апел до граѓаните да пријават доколку некој од нивните блиски е исчезнат во областите каде што беснееше пожарот.

Во изминатите 24 часа, од 6 часот вчера, до 6 часот утрово, во Грција биле регистрирани 47 пожари. 

Грчките власти објавија видео од населбите зафатени од пожарот

Министерството за одбрана на Грција објави видео од населбите во источниот дел на Атика што вчера беа зафатени од катастрофалниот пожар.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, инсертите од воздух беа снимени за време на утринскиот лет со хеликоптер на министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, алтернативниот министер за одбрана Фотис Кувелис и началникот на грчкото воено воздухопловство, Христос Христодулу,  за да ја проверат и проценат ситуацијата.

МИА/фото: Greek reporter/видео: Newpost GR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Лерин им препорачува на неговите сограѓани да ги ограничат патувањата во Македонија

Редакција

Ќе можат да посвојуваат и деца: Словенија целосно ги легализираше истополовите бракови

Редакција

Србија и Косово не се договорија, Борел за неуспехот го обвини косовскиот премиер

Редакција