еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Македонија и понуди помош на Грција, од грчкото МНР се заблагодарија за брзата реакција

Природните катастрофи не познаваат граници и ги надминуваат споровите, соопштуваат од грчкото МНР и им се заблагодаруваат на сите за понудената помош и изразената поддршка и солидарност.

– Ја изразуваме нашата искрена благодарност до министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и на ПЈРМ, Никола Димитров за нивната брза реакција да понудат воздушни средства за гасење на смртоносните пожари во Атика, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкото МНР им се заблагодаруваат и на Кипар, Израел, Шпанија и Европската комисија за понудената помош, но и на „сите пријатели и партнери кои изразија сочувство и солидарност со драмата на грчкиот народ“.

– Оваа брза понуда за помош покажува во пракса дека духот на вистинската соработка и солидарност, како и природните катастрофи не познаваат граници и надминуваат каков било спор, наведуваат од грчкото МНР.

Дирекцијата за заштита и спасување со ресурсите (ДЗС) со кои распоалага е ставена во функција на помош на Република Грција и доколку биде побарана помош ќе отпочнеме процедура за испраќање помош, информираше претходно директорот на ДЗС, Аднан Џаферовски.

– Владата на Република Македонија е во постојан контакт со грчките власти и понудена е помош уште од вчера. ДЗС е владино оперативно тело и со своите ресурси е подготвено да помогне. Очекуваме одговор од нивна страна. Доколку изразат потреба ќе отпочне процедурата за испраќање помош од наша страна, изјави Џаферовски за МИА.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев од Тирана: Заеднички регионален пазар за земјите од Западен Балкан е исклучително важно во овој период

Редакција

(ВИДЕО) Неколку компании од Македонија со штанд на Меѓународниот саем во Солун

Редакција

Граничниот премин Белановце-Станчиќ помеѓу Македонија и Косво е пуштен во употреба

Редакција