еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Граничниот премин Белановце-Станчиќ помеѓу Македонија и Косво е пуштен во употреба

Денеска официјално беше пуштен во употреба граничниот премин Белановце – Станчиќ, којшто ги поврзува кумановскиот регион со гњиланскиот во Косово.

Преминот овозможува поврзување на граѓаните соседните општини од двете држави и се очекува да ја подобри бизнис комуникацијата и трговската размена.

Граничниот премин е изграден со средства од ЕУ, преку ИПА-програмата. Објектот чини 1,2 милиони евра, обезбедени од ЕУ со поддршка на државата од 10 проценти.

Изградбата на патот од село Слупчане до граничниот премин Белановце од 15 километри е финансиран од страна на државата и чини шест милиони евра.

Фото: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија предупредува, но нема да блокира за преговорите со ЕУ

Редакција

Македонците повторно на вакцинација викендов во Врање: Во организација на „Спона“ ќе бидат вакцинирани 800 граѓани

Редакција

Филипче: Бугарија ќе ни донира вакцини против Ковид-19

Редакција