еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Одбраната на Камчев ќе бара изземање на обвинителката Стефанова поради пристрасност

Адвокатскиот тим на бизнисменот Орце Камчев, кој веќе шести месец е во притвор поради обвинението за случајот „Плацеви на Водно“, денеска најави дека ќе побара изземање од предметот на обвинителката Лиле Стефанова поради пристрасност.

Неговиот адвокат Еленко Миланов на прес конференцијата повтори дека неговиот клиент е со нарушена здравствена состојба и дека не се размислува за евентуална можност за укинување на таа мерка.

“Во конкретниот случај, за неговата здравствена состојба постои и судско- медицинско вештачење од овластен вештак од областа на медицината, којшто исто така укажува на ризичноста на здравствената состојба на Јордан Камчев, што би укажувало на околноста дека од тие причини би требало да се интервенира и евентуално истиот во најмала рака да биде префрлен на издржување на мерка куќен притвор.

Исто така, веќе подолг период имаме поднесено и гаранција во недвижен имот, онака како што Обвинителството бараше, да не биде ниту од лица коишто се во постапката, иако сметам дека не постојат законски пречки неговата мајка, којашто е во постапката, да заложи сопствен имот, но почитувајќи ги барањата на Обвинителството поднесена е и гаранција којашто би значела укинување на мерката притвор на Орце Камчев и негова понатамошна одбрана од слобода.

Понуден е недвижен имот од нешто над милион и седумстотини илјади евра и готовински парични средства од 200 илјади евра, но на оваа понудена гаранција до овој момент и до оваа прес-конференција немаме одлука од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд, до којшто истата е доставена“, рече Миланов, кој меѓудругото рече и дека како одбрана најверојатно ќе одат со барање за изземање во однос на застапништво на обвинението, бидејќи од тимот сметаат дека има реални основи за сомневање во пристрасноста на Стефанова, “затоа што истиот јавен обвинител ја води и постапката што се води против Јордан Камчев, постапка којашто беше инфицирана со одредени недозволени дејанија на тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО)“.

„Единствен обвинител во СЈО, со оглед на тоа што беа полномошници обвинители коишто постапуваат како полномошници обвинители и дури во овој момент кога ја држиме оваа прес-конференција и еден месец наназад, постои правосилна судска пресуда со којашто се докажува дека во таа постапка Катица Јанева ја злоупотребила својата положба, за што постои правосилна судска одлука.

Тоа се се аргументи со коишто ќе побараме изземање на обвинителката“, рече Миланов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Плацеви на Водно“: Мијалков вели дека е апсолутно невин, Камчев не разбира зошто е обвинет

Алармантна здравствената состојба на Камчев, во затвор го лекуваат со сол и газирана вода, тврдат неговите адвокати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто Србија молчи за бегството на Груевски?

Редакција

Пендаровски по повод „Скопје прајд 2022“: Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права на секого без страв од отфрленост

Редакција

И руската вакцина „Спутник 5“ ќе дојде во Македонија

Редакција