еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зошто Србија молчи за бегството на Груевски?

И неколку дена по бегството на поранешниот премиер, сега пратеник, Никола Груевски, молк од српските власти, иако станува повеќе од очигледно дека за да стигне до Унгарија, Груевски морал да помине и низ Србија.

Имено, црногорските власти и официјално потврдија дека Груевски ја напуштил Црна Гора на граничниот премин со Србија, Добраково.

Едниствената изјава од официјална српска институција до сега е таа на Министерството за внатрешни работи на Србија за регионалната телевизија „N1“ во која се вели дека Груевски нема српски пасош, ниту српско државјанство.

И српските медиуми кои последниве месеци детално ја следат ситуацијата во Македонија, не изнесуваат нови детали, освен српска Политика, која „откри“ дека бегството на Груевски почнало од Албанија.

Без информации од српските власти за сега останува мистерија што се правел Груевски во Србија, како и каде влегол во Унгарија, дали патувал со автомобил или можеби летал со приватен авион до Будимпешта, како што шпекулираат медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мапа на „големото бегство“ на Груевски низ Балканот

На крај Груевски на Фејсбук ќе ни раскаже како избегал

Црногорски медиуми: Груевски во Црна Гора влегол и излегол во придружба на унгарски дипломати

Албанска полиција: Груевски влегол пеш во Албанија, несомнено нелегално

Кабинет на Орбан: Ниту унгарската држава, ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Игор Џамбазов и Гуру Харе направија преработка на „Ако умрам ил загинам“ на Јонче Христовски

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во мај

Редакција

„Тежок“ тендер на ГА-МА: Кој ќе го осигура системот за пренос на гас?

Редакција