Определен е 30-дневен притвор за бизнисменот Орце Камчев. Според неговиот адвокатот утрово Камчев е притворен поради предлог на обвинител од Радовиш за кривично дело изборна измама, а сега добил 30 дневен притвор поради индиција на Агенцијата за национална безбедност дека ќе се дал во бегство.
Камчев беше приведен утринава во Полициската станица Карпош. По приведувањето беше упатен во Кривичниот суд во Скопје, на распит пред судија по претходна постапка.
Според објавите на дел од медиумите, Камчев се подготувал за бегство, а информацијата за ваквиот обид до Јавното обвинителството ја доставиле од Агенцијата за национална безбедност.
Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“, но и во случајот „Плацеви на Водно“ за кој обвинителката Вилма Рускоска информираше дека истрагата е при крај.
Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во кои случаи се води истрага за Камчев
Приведен бизнисменот Орце Камчев
МИА/Фото: МИА Видео: ТВ 21