еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Опожарено возило на неговиот сосед, нејасно зошто Груби смета оти инцидентот е против неговата работа

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека во скопски Чаир утринава во 3.30 часот било опожареното возило „Ауди“ во сопственост на Б.Л. (35), а за истото на Фејсбук се огласи првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Нејасно е зошто тој смета дека опожарувањето на возилото било напад врз неговата работа.

„Им се извинувам на сите мои соседи во моето маало за големиот метеж синоќа пред нашата зграда само поради мојата работа. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и на неговото семејство за штетата предизвикана само поради мојата професија.

Во политиката сум за да служам и да оставам белег со работа и дела, а не да ги тероризирам семејството, соседите и пријателите. Континуираните закани и последователните напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да престанам да работам и да ги исполнувам очекувањата на граѓаните.

Им изразувам благодарност до сите мои соседи, како и до безбедносните сили за нивните напори за решавање на синоќешниот напад“, пишува Груби.

Фото: Влада/видео: ТВ 21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ бара толкувачи со македонски јазик

Редакција

Кои се старо-новите членови на Управниот одбор на Алкалоид

Редакција

Нов тим од девет пожарникари доаѓа напомош од Бугарија

Редакција