еМагазин
Image default
Локално

(Видео) ЈП Водовод и канализација-Скопје, три години успешна приказна

ЈП Водовод и канализација – Скопје, како јавно претпријатие е секогаш во служба на граѓаните и во служба на исполнување на потребите на своите корисници.

Во изминативе три години ЈП Водовод и канализаиција – Скопје, водејќи се од мотото „Секогаш најдоброто за Скопје“, ја насочи својата мисија кон поставување на нови стандарди во работните процеси и опшествено одговорното делување, менувајќи ја перцепцијата за оперативноста и делувањето на јавните претпријатија.

Имено, во текот на изминатите три години, ЈП Водовод и канализација – Скопје ги насочи работните активности кон подобрување и обнова на водоводната и канализациона мрежа и создавање услови за непречено водоснабдување и одведување на урбаните отпадни води за сите корисници.

Во овој период се инвестираше во реконтрукција и изградба на нова водоводна мрежа во должина од 48.949 метри, фекално – канализациона мрежа во должина од 37.309 метри и атмосферско – канализациона мрежа во должина од 20.417 метри, во согласност со проектно – теничките документации и урбанистички планови.

Зголемувањето на инвестициите се насочи кон сите сектори со цел подобрување на перформансите на претпријатието и следење на европските и светски трендови, стандарди, регулативи и директиви.

Се обнови опремата во Секторот за санитарна контрола во согласност со потребите на акредитираните лаборатории според ИСО 17025, со што се унапредија процесите за изведување на хемиските и микробиолошките анализи за квалитетот на водата за пиење.

Се обнови и прошири возниот парк, во поглед на механизација, машини, специјализирани возила и опрема, што резултираше со зголемена мобилност, ефективност и ефикасност.

Преку спроведување на акции за наплата на заостанатите долгови без камата и на рати, се олеснија условите за исплата на долговите на голем број корисници.

ЈП Водовод и канализација – Скопје овој период го одбележа и со имплементација на процесите за дигитализација, придвижувајќи се чекор напред кон модернизација и зголемување на достапноста на своите услуги за корисниците.

Со воведување на електронските сервиси, киосците за наплата и лансирањето на мобилната апликација достапна за Android и iOS, дигиталниот мониторинг на опрема и активности претпријатието влезе во ерата на новото време.

„Овој релативно краток период го одбележуваат многу значајни случувања, реализирани и отпочнати проекти. Добиената награда на Sustainability Awards 2020, во организација на Европската Банка за Обнова и Развој за еколошки- капиталниот проект Пречистителна Станица за отпадни води – Скопје, чија реализаиција претставува еволуција во третманот на отпадните води во нашата држава, е само уште една потврда за посветеноста, професионалноста, вложениот труд и јасно поставените стратешки цели.

Особено сум горд на големиот број остварени соработки, проекти и покренати иницијативи со кои отвораме ново поглавје во примена на позитивни практики во полето на заштитата на животната средина и општествено одговорното делување.

Во овој период, станавме и првото јавно претпријатие кое започна со целосна употребува на еколошка биоразградлива хартија за печатење на сметките, реализиравме неколку кампањи за поткревање на јавната свест за заштита на водоснабдителниот, канализацискиот систем и животната средина воопшто, на наша иницијатива и во соработка со нашите пријатели.

Соработката со нашите домашни и странски пријатели, дава резултат во проширување и размена на искуства и знаење, а соработката со Водовод – Будимпешта резултираше и со отпочнување на проект за намалување на загубите на вода и борба со климатските промени, чија реализација е овозможена со грант од WBGC.

Внимание посветивме и на младите генерации, преку реализација на едукативни активности. Активно се вклучивме во поддршка на мисијата на СОС Детско село и хуманоста ја покажавме со дела, а нашите заложби беа потврдени и со признание за поттикнување на индивидуалната филантропија во 2020“, посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Доказ за професионалниот пристап во изведба на работните активности е и потврдената сертификација и акредитација на имплементираните ISO стандарди: ISO 9001, HACCP, ISO 14001, ISO 17020 и ISO 17025.

„Оваа година тимски го истрчавме Скопскиот Маратон и тимски продолжуваме напред во исполнување на нашите цели, во пресретнување на потребите на нашите корисници во соработка со сите засегнати страни, мотивирани од постигнатите резултати, успеси и признанија во изминатите три години“, заклучи Весковски.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „фиќо“ удрил во дрво, двајца повредени

Редакција

Сите детали: Кривична пријава против 10 прилепчани кои тепаа полицајци

Редакција

(Фото) Несовесни граѓани со автомобили оштетиле ски-патека на Пониква

Редакција