еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Пендаровски во Њујорк ја одликуваше со орден Организацијата на ОН за подршката по скопскиот земјотрес

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации (ОН) со Орден на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кое се доделува за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес и за непроценливиот придонес за обновата на градот Скопје, којшто прерасна во град на солидарноста и вистински симбол на пријателството меѓу народите.

Пендаровски оствари и средба со Гутереш на која се разговарало за севкупните активности на Македонија во рамки на Обединетите Нации, како и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните предизвици.

Претседателот се заблагодарил за посветеноста на ОН во нашата земја и изразил очекување соработката во иднина да продолжи со зголемен интензитет. Тој нагласил дека континуираниот ангажман на ОН во Македонија придонесува за зајакнување на капацитетот на земјата во клучните сектори за развој на македонското општество, стои во соопштението.

На средбата биле разменети мислења и информации за текот на нашите евроинтеграции, за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот, како и за руската воена агресија врз Украина. Пендаровски ја истакнал нашата силна заложба и посветеност за јакнење  на улогата на ОН во справувањето со глобалните предизвици. 

Фото/видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Тендери“, „Тортура“ и раздвоената постапка за „Насилство во општина Центар“

Редакција

„Плоштадот Македонија како ќе го преименувате“: Твитер за отстранувањето на буквите од зградата на Владата

Редакција

Македонските државјани може да транзитираат низ Србија без ПЦР-тест

Редакција