еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Пендиков не дојде, стартот на судењето за нападот одложено по барање на одбраната

Главната расправа од судењето против напаѓачот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков е одложено за 5 април.

Судот го прифати барањето на одбраната на обвинетиот рочиштетот да се одложи и да им бидат доставени доказите прибрани од Обвинителството.

Нема доставено и адреса на оштетениот Пендиков, а обвинителите кажаа дека не знаат кога тој ќе може да дојде во судот поради здравствени причини.

Судскиот процес во Основниот суд во Охрид го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се бранеше со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство предложи одземање на пасошот за вториот напаѓач на Пендиков

Охридската полиција го приведе вториот од напаѓачите на Пендиков

Напаѓачот на Пендиков излезе од притвор, остана без пасошот

МИА/Видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со дополнителни докази на одбраната продолжува судењето за „27 април“

Редакција

Потресно видео од девојче кое го штити братчето под урнатите по земјотресот во Сирија го обиколи светот

Редакција

427 санкции за неносење маска 

Редакција