еМагазин
Image default
Балкан

(ВИДЕО) Пожар на брод што пловеше кон Крит, спасени сите патници

Процесот на напуштање на бродот „Елефтериос Венизелос“, успешно заврши за патниците, без проблеми и повреди, по координираната акција на крајбрежната служба, противпожарната служба и брзата помош, изјави заменик-министерот за поморство Нектариос Санторињос за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, и од бродската компанија „АНЕК“ соопштија дека сите патници безбедно го напуштиле бродот, додавајќи оти пожарот избувнал во 23.45 во гаражата за камиони, а од екипажот бил ставен под контрола.

До противпожарната служба, повик стигнал 17 минути по полноќ, а за безбедно враќање на бродот на пристаништето Пиреас веднаш биле мобилизирани два чамци на противпожарната служба со екипа од шест спасувачи и осум чамци на крајбрежната служба.

– Комплетно подготвени на пристаништето Пиреас чекаа 30 пожарникари со 10 возила, два тима со 18 спасувачи, како и возила на брзата помош со една мобилна единица. Со пристигнувањето на бродот, противпожарните служби придонесоа за безбедно напуштање на бродот на 875те патници, соопшти грчката Противпожарна служба.

Во тек е гасење на пожарот на бродот што изби околу по часа по тргнувањето од атинското пристаниште Пиреас со крајна дестинација островот Крит. На бродот се наоѓаа вкупно 1015 лица, 875 патници и 140 членови на екипажот.

Откако бил забележан пожарот, капетанот на бродот побарал помош, ја сменил рутата и се вратил во Атина околу четири часот утрово.

Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, на бродот имало чад, им било соопштено дека треба да се соберат во деловите предвидени за евакуација и вонредни состојби и им биле дадени појаси за спасување.

Бродот кој вчера во 22 часот тргна од атинското пристаниште за градот Хања на островот Крит превезуваше и 80 камиони и 152 возила, дел од кои веројатно дека претрпеле материјална штета.

Дел од патниците денеска ќе заминат за Крит, дел ќе чекаат да си ги земат автомобилите, кои се уште се во бродот.

МИА/Фото: Iefimerida/Видео: Flashnews Gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанскиот претседател има највисока плата меѓу колегите во регионот, на кое место е Пендаровски

Редакција

Во Бугарија се преврте автобус со деца од Србија, четворица потешко повредени

Редакција

Медицински центар од Бугарија започна со вакцинација на граѓани на Македонија во пограничната област

Редакција