За време на дебатата за Законот за одбрана, кој денеска беше изгласан во македонското Собрание настана инцидент помеѓу пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска и нејзината поранешна сопартика, Нола Исмајловска Старова, која сега е дел од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.
Пешевска и го турна телефонот на Исмајловска и со висок тон и и порача на пратеничката да не го спомнува нејзиното име. Ситуацијата мораа да ја расчиствуваат колегите од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја тргнаа Пешевска.
Како изгледаше овој инцидент погледнете во видеото на ТВ21:
Пред нервозната реакција на Пешевска, Исмајловска од собраниската говорница го прочита името на поранешната сопартика, која заедно со уште шест други пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, веќе гласала за промена на името на Армијата на Република Македонија во Армија на Република Северна Македонија, гласајќи за Законот за служба во АРМ, кој е донесен пред извесен период и рече дека неможе да го разбере оваа лицемерие.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласат за Законот за одбрана, токму поради промената на името на македонската Армија.
Тие денеска не гласаа за овој Закон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратениците ги изгласаа и законите за одбрана и за Советот на јавни обвинители
Фото: А1он/Видео: ТВ21