еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Пресечен меѓународен канал за трговија со хашиш, приведен албански државјанин

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со ОВР Струга, Регионалниот центар за гранични работи Исток и Царинската управа, вчера пресекоа меѓународен канал за транспорт на хашиш од Албанија преку Северна Македонија и Бугарија, со крајна дестинација Турција, при што се запленети околу 14 килограми хашиш и пакувања хашиш смола и хашиш масло, соопшти денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

– По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од Република Северна Македонија) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60), при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава, рече Ангеловски.

МВР продолжува со интензивните мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.

– Завчера беа запленети над половина тон марихуана, а акциите продолжуваат и во наредениот период, вели Ангеловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Запленети над половина тон дрога во две полициски акции на југот од земјава

МИА/Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анестезиолог „тик-токер„ може да остане без лиценца за работа седум години

Редакција

Аеродром со 1.021 случаи активни на Ковид-19: Детален преглед на состојбата по скопските општини

Редакција

Минатата недела 93 лица починале од Ковид-19, во Скопје 40

Редакција