еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Анализа: Пандемијата со Ковид-19 имала поголемо негативно влијание врз жените

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за труд и социјална политика денеска, по повод Меѓународниот ден на жената, објавија анализа, поддржана од Мисијата, за влијанието на пандемијата Ковид-19 врз родот и различностите.

Анализата покажува дека пандемијата и одговорот на истата имале несразмерно поголемо негативно влијание врз жените во сите области и кај сите возрасни групи.

Според студијата, како што соопшти Мисијата на ОБСЕ во Скопје, по затворањето на училиштата и градинките, веројатноста мајките да ја преземат улогата на главна негувателка е 70 проценти поголема отколку кај татковците.

„Доколку не биде соодветно адресирана од насочени владини политики, кризата создадена од пандемијата Ковид-19 дополнително може да ги зголеми нееднаквоста, исклучувањето и дискриминацијата.

Жените општо и ранливите групи како што се Ромите, самохраните мајки, лицата со попреченост и особено руралните жени се најпогодени, рече Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за време на онлајн настанот.

Пандемијата, според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, не беше пречка, напротив беше предизвик, да се донесат два клучни закони кои во голем дел ја тангираат токму жената, односно Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

„Ова е доказ дека жените се најмоќни кога се сплотени. Останува уште многу да се работи, и во полето на елиминирање на дискриминацијата на пазарот на трудот и обезбедување на родово-одговорното буџетирање, но пред сè е предизвикот да се избориме со пандемијата и да се прилагодуваме на новото нормално, рече Шахпаска.

Анализата, достапна на osce.or е развиена заедно со Центарот за истражување и креирање политики и граѓанските организации Радар, Полио Плус, Рурална коалиција и Националната мрежа против насилството врз жените и семејно насилство.

Фото: Photo by Standsome Worklifestyle on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го штити возачот на автобусот во кој загинаа 14 лица бидејќи добивал закани по животот

Редакција

Уште еден фемицид поради непостапување на институциите, реагираат за убиството на жената од Кочани од Платформата за родова еднаквост

Редакција

Од четврток топол бран, температури над 40 степени

Редакција