еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Видео) Првиот автомобил од инстант лозот 7х7 го доделивме во Прилеп

Инстант лозот 7х7, започна да реди среќни приказни од градот под Маркови Кули.

Три исти симболи од автомобил HYNDAI Tucson, во среќното место „Сити Тобако“, изгребала 20-годишната Јована Стојаноска, на која  ги предадовме клучевите од првиот од 14-те атрактивни автомобили.

Тимот на Државна лотарија се сретна со добитничката пред продажното место „Сити тобако“ од каде што е купен добитниот лоз, а Јована, заедно со нејзиното семејство ни ја раскажа среќната приказна.

Имено, Јована и нејзиниот брат купиле два инстант лоза 7х7, од кои едниот криел добивка од 500 денари. Наместо добивката, решиле средствата да ги заменат со нови инстант лоза 7х7. И не згрешиле. Последниот лоз криел 3 симболи на Hyundai Tucson.

Откако ја потврдиле добивката во „Сити Тобако“ и во Државна лотарија, Јована, возбудена, веднаш се јавила кај нејзините родители за да ја сподели радоста.

Инаку, семејство Стојаноски за себе велат дека редовно ја предизвикуваат среќата со игрите на среќа на Државна лотарија, а на останатите кои посакуваат ваков автомобил, среќната добитничка ги посоветува да играат редовно, затоа што никој не знае каде е среќата.

Пред да ги врачиме клучевите на Јована во Прилеп пред продажното место „Сити тобако“, тимот на Државна лотарија и семејство Стојаноски се сретнаа во автосалонот на HYNDAI во Скопје каде што се комплетираше потребната документација.

Да потсетиме: инстант лозот 7х7 стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија, како одговор на барањата на играчите. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 80 милиони денари, вклучувајќи 14 премии од кои 7 возила HYNDAI Tucson и 7 возила HYNDAI Bayon, како и парични добивки од 80 денари до 50.000 денари.

Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за среќа плус и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот 7 х 7, со којшто може покрај возбуда и забава, да подарите возило или вредна парична добивка. Инстант лозот, може да е вашиот перфектен подарок.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Крушево одбележан 40-от роденден на Тоше

Редакција

В сабота за првпат инклузивна штафетна трка „Заедно до целта“

Редакција

МИМ ги додели наградите за најдобри истражувачки стории во 2018

Редакција