еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) СДСМ: Фејсбук статусот на Груевски излезе од устата на Христијан Мицкоски

Денеска од Христијан Мицкоски ја слушнавме истата стара приказна, на нова повторувачка прес конференција, изјави Костадин Костадинов, пратеник во Собранието од СДСМ

„Фејсбук статусот на Никола Груевски напишан во афект во 3 часот по полноќ, излезе низ устата на Христијан Мицкоски. Мицкоски сонува за две опции: Прво, Македонија да му даде амнестија на Груевски, второ Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ.

Единствено за Мицкоски, и само за него, договорот со Грција е мртов. Во момент кога цел свет дава поддршка на Македонија, Мицкоски му врти грб на целиот свет, само за да го спаси Груевски. Мицкоски е против цела Македонија и против целиот демократски свет.

Мицкоски бадијала сонува, нема амнестија за криминалот на Груевски, Македонија ќе биде во ЕУ и НАТО

Мицкоски бадијала сонува, нема амнестија за криминалот на Груевски, Македонија ќе биде во ЕУ и НАТО

Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Недела, 07 октомври 2018

Она што Мицкоски денеска го побара е спротивно од она што граѓаните го очекуваат и заслужуваат.

Затоа, бадијала сонува, овие желби на Мицкоски нема да се остварат.
Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и затоа стратешката определба на Македонија мора да биде почитувана.
Ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по секоја цена одат спротивно од тоа, тогаш единствен излез се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш.

Истото тоа огромно граѓанско мнозинство очекува правда над криминалите на фамилијата. Затоа, нема амнестија за криминалот. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, без разлика дали Мицкоски се противи на тоа или не“, изјави Костадинов.

видео: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца позитивни на Ковид-19 во градинка во Штип и двајца во Охрид

Редакција

Бугарија доставила над 30 страници со забелешки за учебниците по историја

Редакција

Од 1.506 починати од Ковид-19, 260 биле вакцинирани

Редакција