Од затворот Идризово во Скопје, денеска излезе поранешниот обезбедувач во Собранието, Абдуљфета Алими, кој одлежа шест години за настаните од 27 април, 2017 година.
Пред портата на затворот го пречека поранешниот претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.
Алими заврши во затвор, бидејќи на 27 април ги даде клучевите на поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија вратите на Собранието и им овозможија на демонстрантите да влезат внатре.
Доби помала казна, бидејќи му го спаси животот на Села.
Фото: Влада/видео: ТВ 21
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.