еМагазин
Image default
Забава

(Видео+Фото) Што ли прават Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс?!

Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го правеа “Копито“ на толку специфичен начин, што никој не знае каков ќе биде видео спотот кога ќе излезе. Песната е е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс, за проектот Femme Fatale.

„Тотално забавно, интересно и необично искуство. Мислам дека беше така за сите и дека ќе го паметиме ова снимање. Имаше паѓање, судири и слични незгоди… премногу се смеев, на моменти дури и не можев да се фокусирам на мојата улога, од толку смеење“, изјави Сара Мејс.

„Со артист кој може све, ондак не правиш ништо, особено не банални сценарија. Тие ги оставаме за оние у креативен занес. Правиме музика што ни се свиѓа и спотови у кои се забавуваме, а несакајќи све си изгледа cool“, вели Александар Ристовски – Принц.

Во “Копито“ Александар Ристовски – Принц е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Уникатната фотосесијата е на Дарко Мораитов.

Спотот се планира за крај на месецот, но смеењето, според изјавата на Сара Мејс и ентузијазмот на Принц, изгледа дека ќе трае многу подолго.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) “Жолто Црвено”: Лозано објави нова песна инспирирана од Македонец кој живее во странство

Редакција

И годинава поради Ковид-19 Струмичкиот карневал без карневалска поворка

Редакција

(Видео) Хит на социјални мрежи: Кога Кинескиња и Македонец ќе ја препејат „Немир“ од Каролина и Тоше

Редакција