еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Синот на Муса Џафери физички го нападнал претседателот на РКЕ, Бислимоски

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ, Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски објави Дојче веле.

Очевидци на настанот за Дојче веле велат дека Џафери седнал на масата на која се наоѓал Бислимоски во еден скопски ресторан и по неколку минутен разговор физички се пресметал со него.

Аријанит Џафери најпрво барал објаснување од Бислимоски зошто Комисијата за енергетика започнала постапка за одземање на лиценцата на неговата фирма, а потоа и физички го нападнал.

Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РКЕ подготвува црна листа на снабдувачи со струја кои не ги почитуваат договорите

Фото: МИА/видео: Дојче веле

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вклучен аларм ги одложи судењата за „27 април“ и за „Монструм“

Редакција

Витаминка започна со извоз во Јапонија

Редакција

Од Ковид-19 починале 13 лица, најмладиот на 45-годишна возраст

Редакција