еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Со два куршуми во Белград ранет 21-годишен Македонец

Српските медиуми објавија дека синоќа при улична престрелка во белградската населба Врачар е ранет Д.Л., 21-годишен државјанин.

Како што соопшти српската полиција во престрелката најпрвин бил ранет А.П. (26), а потоа со два куршуми во грбот е ранет македонскиот државјанин.

Истрагата треба да утврди дали тој случајно се нашол на местото на пукањето и бил погоден, како што тврдат српските медиуми.

„Ранетиот Д.Л. бил донесен од негов пријател во влез во соседната улица „Новопазарска“. Таму тој го сокрил ранетото момче и повикал полиција и брза помош“, објавија српските медиуми, повикувајќи се на извори во полицијата.

Повредениот А.П. е со криминално досие – има 12 кривични пријави за дрога, оружје и разбојништво, а по него е распишана потерница за издржување затворска казна.

Напаѓачот Н.Ѓ., кој има 20 години е уапсен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави плати земаат министрите

Редакција

Во Тетовската болница починал пациент со Ковид-19 и вакциниран со две дози „Синофарм“

Редакција

Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Редакција