еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Спасен животот на петдневно новороденче со комплицирана операција

Новороденче на возраст од пет дена било хоспитализирано во Клиниката „Жан Митрев“ поради сложена срцева мана Пенталогија на Фало, која се карактеризира со цијаноза (помодрување) односно пад на кислородната сатурација.

Од третиот ден после раѓањето кај бебето имало појава на цијаноза и десатурации. Поради тоа било префрлено на детската клиника, а од таму после констатирање на вродена срцева мана во Клиниката „Жан Митрев“.

„Кај новороденчето се работеше за една комплекса цијаногена срцева мана Пенталогија на Фало ( покрај карактеристичните 4 карактеристични мани кај нашиот пациент имаше и уште една аномалија а тоа е комуникација помеѓу двете предкомори на срцето).

Поради сложеноста на маната веднаш по приемот кај новороденчето се продолжи со простагландинската терапија која служеше да остане една комуникација која е присутна во феталниот период (Дукутус артериозус) а во случајот со нашиот пациент го овозможуваше снабдувањето на белите дробови со крв“, велат од Клиниката.

Оттаму додаваат дека поради постојаното присуство на цијаноза било одлучено пациентот веднаш да се оприра.

„При самата операција се корегираа сите аномалии на срцето кој беа присутни кај нашиот пациент. Постоперативниот третман се состоеше од редовно следење на сите витални параметри и комплетна медикаментозна подршка.

Во тек на следните денови постапно се стабилизраше неговата општа состојбата поради што брзо отпочнавме да го храниме новородечето, првично со млечна формула, а по доаѓање на мајката во болницата и со доење.

После десетина дена престој во нашата болница новороденото во солидна стабилна состојба замина дома со своите родители. После комплетната хируршка корекција на срцевата мана кај нашиот пациент следи период на нормалено растење и развој без потреба од повторни хируршки интервенции“, информираат од Клиниката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да се намалат шансите за мозочен удар

Редакција

18-годишната Јана Атанасовска испишува историја како прва македонка во алпско скијање на Светски скијачки куп

Редакција

Да ѝ помогнеме на Сања Живановиќ да се избори со инфламаторната болест

Редакција