еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Спасено новороденче: Најсреќен ден од животот за семејството Јашари и покрај корона вирусот

Уште едно новороденче си заминува дома здраво и среќно. Вчерашниот ден за семејството Јашари беше најсреќниот ден во животот. Тие во своите прегратки си ја однесоа дома својата ќерка која првите десетина дена од својот живот ги помина во Клиниката „Жан Митрев“.

„Овие денови беа исполнети со многу премрежја, очекувани но и неочекувани состојби кои на крај со помош на нашиот тим хирурзи, анестезиолози, педијатри завршија со најповолен исход за овој наш најмал пациент.

Сега веќе слободно можеме да кажеме дека посветеноста и ентузијазмот на тимот на Д-р Жан Митрев извојуваа уште една победа и донесоа насмевки и надеж во уште едно  семејство“, велат од Клиниката.

Борбата за животот на ова бебе започнала уште со самото негово раѓање на државната клиника.

Тоа веднаш по породувањето е донесено во клиника „Жан Митрев“ како итен случај. Веднаш се направени сите испитувања, по што е утврдено дека станува збор за вродена аномалија наречена транспозиција на големите крвни садови.

„Новороденото беше донесено во нашата клиника само три часа после породувањето. Заради срцевата аномалија, крвта не можеше да се снабдува со кислород, па во многу тешка состојба беше префрлено и итно оперирано“, објаснуваат од тимот којшто се грижи за интензивната нега во Педијатриското одделение на нашата клиника.

Операцијата ја изведе доктор Жан Митрев кој појаснува дека е направена комплетна корекција на сите аномалии на срцето.

„Операцијата траеше четири часа и помина во најдобар ред. Следниот ден, бебето веќе беше тргнато од машината за дишење и се почна со сите мерки на опоравување.

Состојбата е повеќе од задоволителна. Пред нас имаме бебе кое нема никакви проблеми. Навистина е убаво чувството кога едно бебе кое беше донесено кај нас комплетно модро борејќи се за живот, веднаш по корекцијата на аномалијата го гледате како лакомо бара храна, се бунтува и гласно плаче покажувајќи ја својата волја за живот“, изјави д-р Митрев, додека ги дава насоките на мајката на бебето како да ја продолжат негата, растот и развојот на нивното чедо во домашни услови.

Родителите Јашари пресреќни заминуваат од клиниката со многу надежи, љубов и искрена благодарност до сите кои учествуваа во оваа навистина среќна приказна која животот ја испиша по кој знае кој пат во Zan Mitrev Clinic.

„Во време кога светот се соочува со најголемата здравствена криза, пандемијата од коронавирус, Клиничката болница „Жан Митрев“ и целокупниот персонал се максимално посветени на грижата за здравјето на сите пациенти, а посебно на оние најмалите кои веднаш по раѓањето се со тешки срцеви аномалии за што нашиот оддел за Детска кардиохирургија нуди најпрофесионални и најсофистицирани услови во овој дел од Европа“, велат од клиниката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска кино на отворено во Градскиот парк во Скопје, ќе се прикажува „Панкот не е мртов“

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во февруари

Редакција

Османи се сретна со преставници на македонските Бугари

Редакција