еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Тепачка за Косово во српското Собрание

Претставници на српската опозиција, за време на денешната седница во парламентот, посветена на Косово, предизвикаа инцидент и го прекинаа излагањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за европскиот предлог за решение за односите со Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавен текстот на француско-германскиот предлог за договор помеѓу Србија и Косово

Говорот на Вучиќ беше прекинуван со извици „Предавство“ и „Косово е Србија“, по што тој ја обвини опозицијата дека таа веќе го дала Косово.

– Го подаривте Косово! Ние го браниме Косово од такви како вас! Срам да ви е, лажговци!, извика српскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ нема да поднесе оставка: Ако не го прифатиме планот на ЕУ за Косово, следува прекин на евроинтеграциите, повлекување на инвестициите и други мерки

Вучиќ ја обвини опозицијата дека најмногу ракоплескала кога се споменувало името на поранешниот претседател на Србија, Воислав Коштуница.

Во исто време пратениците извикуваа, пееја и свиреа за да го спречат Вучиќ да зборува.

На инцидентот му претходеше говор на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, кој повика на отфрлање на француско-германскиот план, сакајќи, како што наведе, „да го спречи претседателот да ја предаде Србија“.

Во Собранието на Србија работата беше накратко прекината, бидејќи по вербалниот конфликт меѓу опозицијата и претседателот Вучиќ дојде и до куса физичка пресметка.

Помала група луѓе се собрааа пред српскиот парламент во моментот додека траеше седницата за Косово.

Тадиќ: Не ја исклучувам можноста скандалот во парламентот да е договорен меѓу Вучиќ и дел од опозицијата

Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ денеска соопшти дека не ја исклучува можноста „скандалот“ во републичкиот парламент да го договориле Вучиќ и дел од опозицијата, пренесе Бета.

-Ова е толку бизарно што не ја исклучувам можноста овој скандал во парламентот да е договорен меѓу Вучиќ и дел од опозицијата, бидејќи и за двајцата медиумските настапи и личниот рејтинг се над угледот и интересите на Србија, напиша Тадиќ на Твитер.

Тој го обвини претседателот на Собранието, Владимир Орлиќ, дека „бесрамно“ ја обвинува опозицијата за напади додека „пратениците на СНС пцујат и физички им се закануваат на пратениците од опозицијата“.

-Овие слики од собранието се сведоштво дека оваа власт ги уништи темелите на нашето општество, а не само на институција како собранието…Скандалозно однесување на претседателот на Србија, најголемиот дел од власта и најголемиот дел од опозицијата!, напиша тој.

Тадиќ потсети дека Вучиќ пред неколку дена изјавил дека ќе ги спроведе принципите на француско-германскиот предлог за решавање на косовското прашање.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски: Вакцината е доброволна, никој нема право да Ве присилува да ја примите

Редакција

На Нов Зеланд прв смртен случај по примена Фајзер вакцина

Редакција

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Трендафилов, директор на Управата за финанско разузнавање, фан на спортот и Леонардо Да Винчи

Редакција