еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Трамп се врати во Белата куќа и ја извади маската: “Не плашете се од Ковид-19„

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ја напушти болницата „Волтер рид“ околу 18.30 по локално време.

„Ќе го напуштам одличниот медицински центар „Волтер Рид“ денеска во 18:30 часот. Се чувствувам навистина добро! Не плашете се од Ковид. Не дозволувајте тоа да доминира во вашиот живот.

Под администрацијата на Трамп, развивме неколку навистина одлични лекови и знаење. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години!“,објави американскиот претседател на Твитер.

Си-Ен-Ен: За претседателот Трамп подготвена нова канцеларија во Белата куќа

Новиот работен простор на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа, кога ќе се врати на работа по престојот во болница поради коронавирусот, ќе биде привремена канцеларија, што се наоѓа на нивото на подрумот, во непосредна близина на болничкото крило во Белата куќа, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на добро информирани извори.

Кабинетот на Трамп се наоѓа на третиот кат во Белата куќа, додека новата привремена канцеларија ќе биде поставена така што лекарите и медицинската опрема да бидат во близина во случај на потреба.

Просторијата во која тој ќе биде сместен се наоѓа веднаш до медицинското одделение, кое вклучува просторија за прием, просторија за прегледи и лекарска канцеларија на претседателот.

Си-Ен-Ен наведува дека покрај тоа, се е така испланирано да претседателот биде на спротивната страна од западното крило, каде има повеќе случаи на коронавирусот.

Фаучи: Трамп изгледа многу добро, но не се исклучува можноста од влошување на неговата состојба

Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести, Антони Фаучи, смета дека состојбата на претседателот Доналд Трамп, кому му беше дијагностициран коронавирусот, се уште може да се влоши, пренесува Тасс.

-Проблемот е во тоа што болеста е се уште во рана фаза. Не е тајна дека има случаи во клиничката историја кога луѓето повторно се разболуваат (реверзија) по пет до девет дена, предупреди Фаучи синоќа за Си-Ен-Ен.

„Реверзијата значи погрешна насока и проблеми“, објасни тој.

-Ова веројатно нема да се случи, но лекарите на претседателот треба да бидат будни, препорача Фаучи, додавајќи дека според неговата оценка шефот на државата, кој се врати во Белата куќа од медицинскиот центар „Валтер Рид“, изгледа многу добро.

Најдобриот специјалист за инфективни болести во САД смета дека е многу веројатно дека на Трамп му помага некаков експериментален лек базиран на антитела. Фаучи појасни дека тој самиот не бил запознаен со лекувањето на претседателот.

Трамп планира да учествува во втората претседателска дебата во Мајами

Доналд Трамп планира следната недела да учествува на закажаната претседателска дебата со неговиот демократски ривал, Џо Бајден, и покрај неговата минатонеделна дијагноза за инфекција со коронавирусот, изјави неговиот портпарол за „Фокс њуз“, пренесе ДПА.

-Претседателот има намера да дебатира, изјави Тим Мурто за телевизијата на помалку од еден час откако Трамп го напушти медицинскиот центар „Валтер Рид“, каде се лекуваше од Ковид-19.

Втората дебата, појаснува ДПА, на која кандидатите треба да одговорат на прашања од гласачите, треба да се одржи на 15 октомври во Мајами.

Постоеше загриженост дека Трамп можеби бил заразен на неговата прва дебата со Бајден во вторникот, кога претседателската двојка беше застаната на оддалеченост од само два метра.

Двајцата кандидати, на возраст од над 70 години, се во категоријата на високо ризични луѓе за оваа зараза, додава германската агенција.

Бајден во последниве денови постојано има негативни тестови за присуство на вирусот во неговиот организам и порачува дека е подготвен да учествува во следната дебата доколку здравствените експерти велат дека е безбедно тоа да се стори.

Утре треба да се оддржи потпретседателската дебата меѓу кандидатите за оваа функција, актуелниот републиканец Мајк Пенс и кандидатката за демократи Камала Харис.

МИА/Видео: CNN/Фото: New york times

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет ја разреши судијката Софија Лаличиќ

Редакција

„Адора Инженеринг“ сака да ги продаде топланите „Исток“ и „Запад“ по иста цена по којашто ги купила

Редакција

Агенцијата за стоковни резерви склучи договор за набавка на пченица со фирма од селото Порој вреден 2,1 милиони евра

Редакција